Ова може да го направи само „болен мозок“: Жилети и сечила залепени на детски тобогани во парк…

881

Голема трагедија е спречена откако англиската полиција пронајде жилети и сечила залепени за детски тобогани на игралиште во градот Оутон.

Сечилата биле пронајдени на детското игралиште во паркот во англискиот град Оутон, потврдија од полицијата на Ланкашајр за британските медиуми.

„Страшно е да се помисли што би се случило доколку овој срамен, пеколен план успеел и какви последици би имало. Не можам ниту да замислам дека постои некој кој би сакал да искасапи деца на игралиште“, изјави Дорен Стивенсон, функционер во градската власт на Оутон.

Полицијата ги предупреди сите граѓани да бидат внимателни, а родителите да ги прегледуваат справите на кои што децата вообичаено играат во парковите.

„Кој и да го има сторено ова, би можел да им нанесе сериозни повреди на децата. Бидете сигурни дека работиме со сите средства за да го расчистиме овој случај“, соопштија од локалната полиција.

Од локалната полиција исто така ги објавија и снимките од пронајдените сечила на својата официјална страница на Фејсбук.