Заразеното дете со ковид-19 е од оваа градинка во Општина Центар

33

Прв случај на дете заразено со КОВИД-19 е забележан во скопска градинка, потврдија за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.

Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градински во Скопје, Битола и Свети Николе.