Поранешниот потпретседател и иден кандидат за претседател на САД од редовите на Демократската партија, Џо Бајден уверува дека Доналд Трамп ќе биде отстранет од Белата куќа ако одбие да го признае поразот на изборите.
Гостувајќи во емисија на „СиЕнЕн“ на 11-ти јуни, Џо Бајден изјави дека е загрижен што Трамп ќе се обиде „да ги украде“ претседателските избори. Запрашан за мислење доколку Трамп ги загуби изборите, но одбие да го признае поразот, Бајден порача дека во тој случај ќе интервенира војската на САД.
„Ви ветувам, апсолутно сум уверен дека веднаш ќе биде отстранет од Белата куќа“, изјави Бајден.
Бајден додаде дека е „многу горд“ на војниците кои неодамна го критикуваа Доналд Трамп и дека меѓу вооружените сили „има многу високи официри кои тврдат дека САД не е воена држава“.
Демократот од Конгресот, Седрик Ричмонд исто така проговори за можна воена интервенција за да биде обезбеден пренос на власта доколку актуелниот претседател Доналд Трамп одбие да го признае својот изборен пораз.
„Верувам дека генералите и другите ќе интервенираат за да се обезбеди мирно предавање на власта“ , изјави Ричмонд.