Првиот кинески носач на авиони од домашно производство денеска свечено е предаден на армијата и пуштен во употреба. Носачот на авиони е наречен „Шандонг“, по истоимената источна кинеска провинција.
Церемонијата на предавање на бродот во употреба е одржана во базата на кинеската морнарица во јужната провинција Хајнан, а присуствувал и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Today, China Changxing island pic.twitter.com/cxVmRiMjiQ
— 龙龑之 (@Loongnaval) December 13, 2019
Дизајнот на „Шандонг“ е заснован на носачот на авиони „Лајонинг“, кој е купен како половен од Украина во 1998-ма година и приспособен на потребите на Кина.
A picture of China Navy first type 075 LHD launching pic.twitter.com/awfdk1yAEj
— 龙龑之 (@Loongnaval) November 22, 2019
Бродот има радар интегриран со јарболот, на палубата има вооружен систем, опремен е со писта на која има доволно простор за 32 борбени авиони Ј-15, шест повеќе од носачот на авиони „Лајонинг“.