Ова е човекот кој ја измисли популарната апликација за “стареење”: За неколку месеци заработи милиони

677

Јарослав Гончаров моментално е најбарана личност на Гугл.Овој 40 годишен Русин ја направи најбараната апликација со која може да видите како ќе изгледате во староста.

Популарниот „Face app“ го збудале светот и сите сакаа да ја имаат на своите мобилни телефони. Тоа на Јарослав му донесе милионска заработка која планира да ја потроши во нови иновативни методи.

Гончаров дипломирал математика и механика на Универзитетот во Сант Петерзбург и вели дека полека почнува да го живее својот сон.

Тој ги убедува дека неговата апликација е безбедна и оти не ги краде личните податоци на корисниците.

-Луѓето се уплашија дека ги злоупотребуваме податоците што се разбира не е точно. Нашата политика на приватност е слична како на Инстаграм. Но нив никој не ги обвинува бидејќи тоа е Инстаграм-вели Гончаров.

Вашите податоци може да завршат во Русија

Иако забавата се чини целосно безопасна, адвокатката Елизабет Потс Вејнштајн, на „Twitter“ предупреди за спорните услови за користење кои „Face App“ ги дозволува за „трајна, неотповиклива, бесплатна и на ниво на целиот свет“ дозвола за „користење, репродукција, модифицирање, адаптирање на објава, преведување и создавање на други дела“ од вашата содржина.

– Доколку ја користите „Face App“ имате дадено дозвола да се користат вашите фотографии и името за било која цел, вклучувајќи и комерцијални цели (на пример, на плакат или на интернет оглас)“ – напиша адвокатката на „Twitter“.

Таа откри дека зад апликацијата „Face App“ стои компанија од Русија.

– Пишува дека вашите податоци може да се пренесат на секоја локација каде што имаат нивна подружница. Што значи во Русија – додава Вејнштајн.

Американски сенатор побара од ФБИ да ја истражат руската мобилна апликација „Faceapp”

Сенаторот Чак Шумер побара да се истражи апликацијата „Faceapp“, која што ги изменува сликите на корисниците и ги прави помлади или постари.

На Tвитер во објавено писмо, Шумер вели дека е „исклучително“ загрижувачки тоа што приватните податоци на многу американски државјани можат да одат во посед на „една странска непријателска сила“.

Компанијата која ја креираше апликацијата е со седиште во Петерсбург, Русија.

„Wireless Lab“, меѓутоа, вели дека не ги чуваат засекогаш сликите и дека не собираат податоци од корисниците.

„Повеќето од фотографиите се бришат од серверите на компанијата после 48 часа од моментот на симнување“, се вели во соопштението на компанијата „Wireless Lab“.

Шумер, сепак, побара од ФБИ и Федералната комисија за трговија да ја истражат апликацијата „Faceapp“.