Во продолжение за она што прилично ја разбранува јавноста а тоа се тезите на професорот Малески изнесени за бугарски медиуми, кои за македонскиот народ се повеќе од навредливи
По неколкудневните бурни реакции во македонската јавност за историјата за Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков, се огласи професорот Денко Малески кој вели дека останува на ставот дека и двајцата биле Бугари. Тој во телефонски разговор за Канал 5 вели дека од историјата не може да се бега, туку треба да се прифати реалноста дека со бугарите некогаш сме биле еден ист народ. Малески смета дека мораме да ги прифатиме овие тези за да не се соочиме со ново вето за влез во Европската Унија.
,,Тоа се историски факти, објективна историја. Од фактите не се бега и не треба да комплицираме за да не ни се случи грчкото сценарио. Никој не треба да се шокира од тоа што самиот Крсте Мисирков пишувал: “Ние досега бевме бугари, а отсега ќе направиме една македонска нација”. Денес е поинаку, постои македонска нација и македонски јазик.
Малески вели и дека во време на Југославија, македонските власти ги селектирале историските податоци и пишувале “Македонци”, таму каде што пишувало “Бугари”. Ваквите изјави првиот министер за надворешни работи првично ги кажа во интервјуа за бугарски медиуми.
Актуелизирањето на темата доаѓа по бугарскиот документ во кој наведуваат услови за Македонија за почеток на преговори со Европската Унија. Од ставовите на Малески се оградија од претседателскиот кабинет на Пендаровски, каде што Малески работи како надворешен советник. Истото го направија и од Владата, како и комисијата која преговара со Бугарија за историските прашања. За тоа што не се согласуваат со неговите тези, Малески вели дека секој има право на свое мислење, бидејќи живееме во демократија.