Русија денеска започнала големи воени вежби на Крим под личен надзор на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
Руското Министерство за одбрана соопштило дека Шојгу го надлетувал со хеликоптер подрачјето на кое се разместени трупите и воената опрема, и дека ја проверил подготвеноста на поморските и копнени сили.
Во воените вежби ќе учествуваат повеќе од 10.000 војници и повеќе од 40 воени бродови, пренела руската новинска агенција “Interfax”.
“Во текот на активните фази трупите вежбаат фрлање и одбивање на ракети и воздушни удари, со примена на дронови и крстаречки ракети, а исто така се борат против ова оружје од бојно поле и користејќи ги бродарските ПВО капацитети”, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
Официјален Кремљ денеска соопштил дека претседателот Владимир Путин е запознаен со повикот на украинскиот претседател Владимир Зеленски да се состанат и да разговараат за кризата.
“Ако претседателот смета дека е потребно, ќе одговори сам. Сега за тоа нема што да кажам”, рекол портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.