МВР утрово информира дека српските власти официјално затворија два гранични премини кон нивната земја од Македонија.
-Ги известуваме граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од денеска (12.03 – четврток) од 07.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со Ковид 19 е затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш(кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица, информираат од МВР.
Инаку од денеска согласно насоките од Владата на Република Србија за контролирање на ширењето на корона вирусот, од седум часот граничниот премин Прохор Пчински е затворен за патници и возила.
Поради таквата одлука сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















