Колумбиските власти спречиле атентат на претседателот на таа држава, Иван Дуке.
Дуке се состанал со лидерите на автохтоните заедници за да стави крај на 27-дневната блокада која довела до снемување на гас и храна на југозападот на земјата, пренесува “Reuters”.
“Имаме доверливи информации дека во текот на состанокот со лидерот на племето Каучa минг, вооружени групи кои се инфилтрирале во една локална организација, сакале да изведат терористички напад кој би можел да ја загрози безбедноста на претседателот Дуке”, рекол обвинителот.

Колумбиските автохтони заедници блокирале дел од Пан-Американскиот автопат во провинцијата Кауча барајќи од владата на таа земја да се усогласи со претходно договорените социјални инвестиции.
Дошло и до протести во текот на кои биле убиени две лице, додека осум лица загинале во експлозија од рачно направени бомби.
Владата претпоставува дека меѓу демонстрантите се инфилтрирале и припадници на две герилски групи, ELN и FARC.











![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











