Пожар утринава околу 3:30 часот се случил во подземни гаражи на ул.„Седма албанска бригада“ во скошски Чаир.
Од полицијата информираат дека во пријавениот пожар опожарени се три возила, и тоа: „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б., „Опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К. и „Фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, додека оштетено било и возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки.
-Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од екипа на Итна медицинска помош била укажана помош на лице место на 15 станари кои вдишале чад и сите се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиника за токсикологија, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















