Вкусно и здраво слатко задоволство што можете да го јадете без грижа на совест

55

Во потрага по здрав десерт наидовме на овој рецепт кој веруваме дека ќе ви се допадне. Подготовката е лесна и брза и не одзема многу време. Во продолжение прочитајте како да го подготвите ова слатко задоволство.

 

Потребни состојки: -200 грама какао путер -2 лажици кокосово масло -150 грама какао во прав -3 лажици јаворов сируп -1 лажица лецитин -Малку сол

Потребни состојки за слојот од бело чоколадо: -100 грама какао путер -1 лажица кокосово масло -3 лажици јаворов сируп -1 лажица лецитин

Начин на подготовка: Растопете ги путерот и маслото, па додајте ги сите останати состојки. Добиената смеса поделете ја на два дела и во едниот дел додајте неколку лажички кокосово или бадемово млеко. Измешајте убаво.

За слојот од бело чоколадо растопете ги путерот и маслото, додајте ги преостанатите состојки и добро измешајте. Сега ќе имате три различни смеси кои треба да ги оставите да се изладат и малку да се зацврстат, а потоа во калапи за мафини ставете по една лажица од секоја мешавина и убаво измешајте. Оставете ги во замрзнувач околу 30 минути и после тоа можете да ги послужите. На здравје!