Четворица американски војници се повредени по конфликт со руските војници во североисточна Сирија, јавуваат американските медиуми. Инцидентот се случил оваа недела. Војниците не претрпеле сериозни повреди, претежно благи контузии и потреси, се вели во извештајот на Пентагон.
Another video presumably from that same August 24 patrol with Russian Typhoon-K, Ural-4320, and Tigr vehicles. Interestingly, it appears they brought the Mi-8AMTSh helicopter to hover just above a group of people to disperse them. 317/https://t.co/28oDhSpjZw pic.twitter.com/d4uJ8jB8yn
— Rob Lee (@RALee85) August 26, 2020
Потврда за инцидентот доаѓа откако снимките од блиската средба помеѓу американските и руските сили се појавија на Твитер, на кои се прикажува возило, кое, наводно, припаѓа на руската страна, како удира во американското, додека биле следени од руски хеликоптер при низок лет.
Videos taken by the Russian MoD's Zvezda TV channel of the abandoned US base near Manbij. Russian journalists were escorted to the base by Russian military police.https://t.co/tymCrxk2M0 pic.twitter.com/5N3xolmlXO
— Rob Lee (@RALee85) October 19, 2019
Иако Доналд Трамп нареди повлекување на американските сили од Сирија, сепак има околу 500 војници, претежно на североистокот на земјата. Заедно со противниците на режимот на Башар ал Асад, тие се борат со остатоците од Исламската држава, и иако руските сили, кои се во сојуз со Асад, се во близина, досега секогаш се внимавало да нема блиски средби меѓу членови на светските суперсили.
Another video of the encounter between US and Russian forces from August 24 in NE Syria. Those are Russian Mi-8AMTSh and Mi-35M helicopters flying just above the fracas. Presumably, the two US vehicles were trying to block the Russian patrol. 315/https://t.co/RjzbJTG2sj pic.twitter.com/I4cKI632cI
— Rob Lee (@RALee85) August 26, 2020
Изминатите неколку месеци, Русите почнаа да навлегуваат сè повеќе на теренот што претходно го контролирале Американците, обидувајќи се да ги истуркаат од земјата. Иако досега имало мали инциденти, тие биле исклучително ретки.