Регулаторната комисија за енергетика треба денеска напладне да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела цените останаа непроменети, односно Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.
Цената на дизелот останува 61,50 ден.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали минатата недела за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на предминатата недела.
Останува да видиме дали не очекува намалување на цените на горивата.













![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)


















