(Видео) Соборен азербејџански дрон во близина на ерменски град

647

Ерменската страна објави видео на кое се гледа соборениот дрон на азербејџанските вооружени сили.

Како што се наведува, станува збор за дрон од турскиот производител „Бајрактар“, чии остатоци биле расфрлени по полето. Локалното население ги собрало остатоците.

Беспилотното летало е соборено вчера во близина на ерменскиот град Варденис, пренесува „Спутник“.