Проблематичниот Боинг можел да убие илјадници: Американските пилоти открија колку кратко време ги изучувале системите на авионот…

176

Американските пилоти имале скромни од еден до два часа едукација за летање со новиот Боинг 737 Макс кој во последните пет месеци се сруши два пати.

Првата авионска несреќа во која се сруши патнички авион на американската компанија од типот 737 Макс 8 се случи во Индонезија кога после полетувањето на авионот на “Lion Air”, авионот се сруши и однесе 189 животи, додека во минатонеделната несреќа во Етиопија, во падот на истиот авион загинаа 157 лица.

Авионот на “Ethiopian Airlines” се сруши само шест минути после полетувањето, па затоа речиси сите земји на светот ги забранија летовите на Боинг 737 Макс 8, а авиокомпаниите ја приземјија целата флота на вакви авиони.

Од вкупно 10,510 Боинг 737 авиони ширум светот, 376 се од серијата Макс во која производителот воведе одредени промени на системот за управување со летот, со оглед на тоа што тие модели имаат поголеми мотори.

Според прелиминарните истражувања и извештаи, првата авионска несреќа на овој авион во Индонезија е резултат на „борба помеѓу пилотите и авионот“, односно нивно непознавање на новиот систем за управување на авионот, иако постојат и гласини дека авионот не бил редовно сервисиран и пилотите пријавиле технички проблеми од претходните летови кои не биле поправени.

„Пилотите за управување на Боинг 737-800 добија дополнителна едукација за Макс 8 за одредените разлики во моделите во траење од еден час. Останатото не беше потребно“, соопштија од “American Airlines”.

Покрај тоа, во водичот на 13 страници за управување на 737 Макс, не се споменува новиот систем за управување “Maneuvering Characteristics Augmentation System”, како ни потребата за таквата едукација. Тоа е резултатот од заклучокот на Сојузната управа за воздухопловство на САД, која во споредувањето на двата модели, не го видела овој нов систем како некоја голема разлика.

Дури после несреќата на “Lion Air”, пилотите добиле инструкции, а водичите биле ажурирани со нови информации. Новата несреќа ги поттикнала авиопревозниците да нарачаат и симулатори како што барале пилотите од самиот почеток, а компаниите сметалее дека „нема потреба“ од такво нешто.

„Најдобро би било да се добијат информации од самиот Боинг за проблемите со новиот систем и да добијат така програмиран симулатор за пилотите да можат совршено да извежбаат како да постапуваат во слична ситуација. Тоа не е така црно и бело како што мислите“, изјави британскиот пилот Крис Брејди, додавајќи дека пилотите во случајот со несреќата на “Lion Air” забележале низа на индикатори кои им откриле дека се случува нешто лошо, но не знаеле кој од нив да го решат.

loading...