(ВИДЕО) Славје и пред стадионот: Се собраа Македонски навивачи и пееја со фудбалерите

1158

Група македонски навивачи ги пречекаа македонските фудбалери, кои денес со херојска игра прославија голема победа на гостувањето во Германија.

Фудбалските фанатици кои живеат во Дуизбург не пропуштија шанса да им дадат поддршка на нашите репрезентативци. Тие ги поздравија за одличниот резултат и со песна прославија во еден глас.

Чудото го најави Пандев во самиот финиш од првиот дел, кога по асистенција на Барди ја погоди германската мрежа. Потоа Гундоган го врати противникот во игра од пенал, а Елмас ја имаше херојската улога во финишот, кога рутински го совлада Тер-Штеген за конечни 1-2.

Ова е втора победа во низа на македонската селекција во овие квалификации за Мундијалот, по онаа на домашен терен над Лихтенштајн во претходното коло.