ВИДЕО: Сцена која вечно ќе се памети, Мане направи едно момче најсреќно на светот!

725

Садио Мане не само што беше фантастичен на терен, направи и неверојатен потез откако излезе од игра на Суперкуп-дуелот на Ливерпул против Челзи.

Фантастичниот офанзвиец на „црвените“ ги даде двата гола за својот тим на дуелот во Истанбул, а откако седна на клупата за резерви се реши да го направи едно момче најсреќно на светот.

Имено,  во моментите кога се одлучуваше кои фудбалери ќе ги шутираат ударите од 11 метри, Мане повика едно дете кои ги собираше топките и го изненади подарувајќи му свој дрес. Момчето видно возбудено не знаеше што да направи во тој момент и го прегрна асот на Ливерпул.

  • Погледнете го неверојатниот потег на Садио Мане: