Што ќе ви се случи ако изедете месо од свиња која е заразена со африканска чума?

183

Откако во неколку фарми во Србија била откриена свинска африканска чума, Македонија забрани увоз на свинско месо од нашиот северен сосед. Што да правите ако се сомневате дека сте зеле заразено свинско месо?

Доколку се случи да изедете месо од свиња која е заразена од африканска чума, нема ништо да ви се случи.

Така за српски Telegraf објаснила Весна Миличевиќ, докторка по ветеринарна медицина и шеф на одделението за вирусологија при Научниот институт за ветеринарство во Србија, која воедно е и национална референтна лабораторија за африканска свинска чума, и дека болеста не се пренесува на луѓе, туку исклучиво на свињи.

Според нејзините зборови, доколку без да знаете изедете месо од заразено животно, нема да имате никакви проблеми, а таков е и случајот и со мачка и куче – нема да им се случи ништо.

“Дури и хипотетички, ако животното е во фаза на инкубација, а нема видливи симптоми, месото е сосема безбедно за луѓе”, вели докторката.

Како што истакнува, секако, болните животни не треба да се колат, но дека фармерите треба да ги преземат сите мерки за превенција и да го пратат месото на анализа.

“На луѓето апсолутно ништо нема да им се случи од овој вирус и не можат да дојдат во опасност. Болеста е опасна во смисла на тоа што економските последици се огромни. Нема лек или вакцина, животните мора да се убијат и тука нема компромис”, истакнала таа.

loading...