(ВИДЕО) Навивачите на Милан имаат нов миленик: Пјонтек – пупупупу!

723

Железничката станица во Бергамо гореше синоќа по натпреварот меѓу Аталанта и Милан во рамките на италијанското првенство.

Тимот што го прегази Јувентус во Купот доживеа тежок пораз од „росонерите“, предводени од најголемата сензација во Серија А, Кшиштоф Пјонтек. Полјакот постигна два од трите гола и покажа дека не му е важно чиј дрес носи додека ги тресе мрежите низ Италија.

Пјонтек е веќе легенда, најдобар во историјата на Милан

Полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек се запиша во историјата на Милан на вечерашниот натпревар против Аталанта во Серија А.

Со два гола тој им донесе победа на „росонерите“ од 1-3, но во исто време запиша едно достигнување кое тешко дека брзо ќе биде надминато. Пјонтек стана фудбалер кој најбрзо постигнал шест гола во дресот на Милан сметајќи ги сите натпреварувања.

За тоа му требаа точно пет часа и 10 минути, такво нешто не им успеало ни на најдобрите напаѓачи во историјата на клубот како Нордал, Швеченко, Ривера итн.