ВИДЕО: Министерот Трипуновски се качи на трактор и ораше нива

691

Дополнителниот заменик-министер во министерството за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски при посета на струмичко, ги изненади земјоделците откако го прифати нивниот предизвик па се качи на трактор и покажа дека знае да работи на нива.

На прашање од земјоделецот дали како технички министер знае да ора и да вози трактор, министерот му одговори дека бил „дете од село“ и дека ги знаел сите земјоделски работи.

„Штом сте орале, штом знаете тија работи да ги работете, ќе ви дозволам да свретете еден круг“ – дополни земјоделецот, по што министерот го направи тоа.