Откако снимката од 9-годишниот Квејден од Австралија, кој расплакан зборува дека сака да умре поради малтретирањето во училиште се прошири на интернет и предизвика бројни реакции ширум светот, детето и неговата мајка, сосема исчезнале од социјалните мрежи.
Причина за тоа биле грозните коментари поради кои мајката на ова дете се одлучила да се повлече од Фејсбук и Инстаграм. Иако многумина биле допрени од оваа приказна, поддршка пратиле многумина, па и славни личности како актерот Хју Џекмен, за жал имало и такви кои со своите коментари продолжиле да го малтретираат детето со дијагноза на ахондроплазија.
Видео-снимката која го допре целиот свет е избришана, а профилот кој го водела неговата мајка Јарака Бајлес бил деактивиран.

На интернет некои луѓе коментирале дека Квејден не е дете и дека има 18 години и дека е актер. Тие гласини отишле толку далеку што неговата мајка мораа да се огласи на Фејсбук за да го одбрани. Многумина ги земале фотографиите на детето и ширеле лажни дезинформации, а поради сето тоа, неговата мајка одлучила да се повлече од социјалните мрежи.
Со годините на детето се позанимавала и Карди Би, која рекла дека верува дека Квејден е 9-годишно момче.

“Мислам дека не лаже за тоа колку години има. Тоа штопостои видео снимка како фрла пари и се однесува како гангстер, не значи дека децата можат да го малтретираат”, рекла Карди Би.
Интернет страната “The Stand Tall 4 Dwarfism”, која ја водела нејзината мајка, исто така е деактивирана. Квејден го поддржале многу славни личности, па и рагби тимот “Indigenous”, кои го повикале да им се приклучи на теренот.
















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















