ВИДЕО: Меси се појави пред ултрасите на ПСЖ па настана лудило

444

Аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси, денес и официјално стана нов фудбалер на Пари Сен Жермен. По две децении минати во Барселона, еден од најдобрите во историјата ќе има нов предизвик во кариерата и со „светците“ потпиша договор на две сезона, вредни 70 милиони евра.

Попладнево, Лео беше официјално претставен, а веднаш по прес-конференција следуваше негово поздравување со насобраните навивачи на францускиот гигант. Само што се појави на бината, сè експлодираше. Навивачите на ПСЖ направија вистински спектакл и кој сигурно уште долго ќе се памети.

Аргентинецот  во редовите на францускиот вицешампион ќе го носи дресот со број 30, кој исто така го носеше извесно време во Барселона.