Видео: Луда сцена од Норвешка – голман симулираше за да биде исклучен негов соиграч

1317

Неверојатна сцена од норвешкото фудбалско првенство стана хит на социјалните мрежи, а се однесува на дуелот меѓу Кристијансунд и Викинг.

Гостите победија со резултат 2:3, но нивниот успех остана во сенка на инцидентот, во кој се посрамотија двајца фудбалери на Викинг.

Најголем виновник е словенечкиот интернационалец Давид Брекало, кој нервозата ја истури на својот голман, а овој му возврати на најнеочекуван начин.

Патрик Гунарсон два пати беше оттурнат и навредуван од страна на Брекало, а реши да му се одмазди на соиграчот симулирајќи дека бил удрен во главата.

Гунарсон падна како покосен, а Брекало си доби директен црвен картон…