(Видео) Каков беше ставот на Заев за промена на името пред две години?

810

По вчерашната прес-конференција на премиерот Зоран Заев, јавноста беше информирана за постигнатото достоинствено решение за името – Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба, кое ќе се прецизира со амандман во Уставот.

“Нема веќе ФИРОМ, нема веќе договори во кои се избегнува македонскиот јазик. Свои сме на своето и конечно тоа е признато од сите наши соседи. Ќе се зајакне културниот идентитет, нашата придобивка е огромна, ветува стабилна и проперитетна иднина на нашите граѓани“, изјави Заев.

Но, ставот на премиерот не е ист како оној од пред две години, кога тој гостуваше во емисијата “Став” како претседател на СДСМ:

Имено, тој пред самиот крај на емисијата изјавил дека не постои роден човек во Македонија кој е подготвен да излезе пред Парламентот и да бара промена на устав поради промена на уставното име.

Но, во фебруари оваа година, премиерот изјавил дека Грција бара промена на уставот и тоа е нивен став, а се што е потребно е да се пронајде прифатливо решение за двете страни.