Видео: Новиот инцидент предизвика широка лавина од судири во САД

487

Демонстрантите во Рочестер, Њујорк, ја урнале полициската барикада во текот на демонстрациите поради видео-снимка на која се гледа како полицајци со бибер-спреј прскаат 9-годишно девојче врзано со лисици. Полицајците вмешани во скандалот се суспендирани.

Демонстрантите во понеделникот организирале протестен марш поради прекумерната употреба на сила против девојчето. По маршот се собрале пред полициската управа во Рочестер.

Снимките кои кружат на интернет покажуваат марш и митингот кој уследил, вклучувајќи го и моментот кога демонстрантите ја превртеле металната бариера поставена пред полициската станица и тргнале кон внатрешната ограда која го окружува паркингот.

За време на протестите градоначалникот на Рочестер, Ловли Ворен, соопштил дека некои од полицајците вмешани во скандалот ќе бидат суспендирани до крајот на интерната истрага. Иако не е јасно дали се суспендирани сите девет полицајци, суспендираните и натаму ќе земаат целосна плата, наведува “USA Today”.

Снимките од инцидентот се појавиле вчера, а полицијата соопштила дека реагирала на повик за “семејно насилство” и потенцијално украдено возило, а дека на девојчето му биле ставени лисици поради сопствена безбедност и на барање на еден од родителите.

Девојчето е пуштено и кај своето семејство, но снимките предизвикале бура во јавноста, разгорувајќи ги постоечките тензии меѓу полицијата и населението на Рочестер поради убиството на 41-годишниот Афроамериканец Даниел Пруд.

Пруд починал минатиот март така што престанал да диши откако полицајците го приковале за земја.