Анѓушев: Грантовите не се делат според етничката припадност на сопствениците

178

Грантови од повикот на Фондот за иновации и технолошки развој добиле две или три компании чии сопственици се Албанци од вкупно десет што аплицирале, соопшти вицепремиерот Кочо Анѓушев одговарајќи му на пратеникот Сурија Рашиди на седницата на која пратеникот праша зошто е мал нивниот број.

– Тое не отстапува од бројот или од процентот колку што добиле и сите останатите. Требало да аплицираат повеќе и веројатно и ќе добиеле повеќе, Ни на крај не ми паднало ниту имам намера да размислувам на тој начин – која фирма е македонска, која е албанска… Во моето работење има само еден пристап – дали знае или не знае да работи, рече Анѓушев.

Појасни дека на повикот се пријавиле над 300 компании од кои грантови добиле 79 по две селекции од експерти и дека за изборот не одлучлувала ниту некоја институција, ниту Кабинет, ниту министер.

Соопшти и дека средствата од грантови ИПА-програмата за конкурентност за следните четири години ќе бидат главно насочени за мали и средни компании, а за да има рамномерен регионален развој тие ќе бидат само за трите економски најнеразвиени подрачја – полошкиот, североисточниот и југозападниот регион