Емотивно писмо: „Фејсбук и Инстаграм, зошто станав ваш роб?“

775

Дали и вие постојано сте логирани и разгледувате новости на социјалните мрежи? Дали постојано се фотографирате за да прикажете колку ви е прекрасен животот?

Придобивките од модерното општество се големи, но сепак постојат и многу негативни страни. Лошо е тоа што станавме робови на технологијата, робови на социјалните мрежи.

Писмо од девојка што има анксиозност од користењето на социјалните мрежи кружи на интернет.

Таа им се обраќа на социјалните мрежи:

„Мразам што владеете со мојот живот. Како да ги влечете конците во мојот живот. Како станавте мој господар, а јас ваш роб кој секоја секунда е зависен од вас? Сакам да бидам слободна, повеќе да немате моќ врз мене.

Жртва сум од моите сопствени раце. Никогаш нема да ја разберете фрустрацијата што ја чувствувам. Анксиозна сум.

Нема да сфатите зошто сум горда кога ќе станам од кревет и нема да го фатам веднаш телефонот за да се логирам. Горда сум кога ќе излезам со пријателите и вистински ќе разговарам со нив, наместо да останам дома закачена за социјалните мрежи креирајќи лажна слика од мене таму.

emotivno-pismo-fejsbuk-i-instagram-me-machi-zoshto-stanav-vash-rob-02.jpg

Чувствувам дека сум злоупотребена и сакам да излезам од овој магичен круг. Секој ден имам нови мали победи. Еден час без телефон, па три часа, па цел ден.

Тешко ми е затоа што сите околу мене се навлечени, но јас не можам повеќе вака. Еден ден ќе се изборам и повеќе нема да бидам ваша жртва.

Еден ден ќе бидам слободна.“