[ВИДЕО] Ja преживеа авионската несреќа во Индија: Тела беа насекаде околу мене

136

Индиските медиуми објавија дека еден патник ја преживеа авионската несреќа на Ер Индија на летот од Ахмедабад до Лондон, а лицето е идентификувано како британско-индиски државјанин Вишваш Кумар Рамеш.

Тој тврди дека ја преживеа авионската несреќа во Ахмедабад, а го опиша и моментот на падот на авионот.

Во разговор за весникот „Хиндустан тајмс“, Рамеш рече дека слушна „силен звук“ околу 30 секунди по полетувањето, пред авионот да се сруши, објави „Скај њуз“.

„Сè се случи толку брзо“, рече тој, додавајќи дека претрпе „повреди од удар“ на градите, очите и стапалата.

„Кога станав, тела беа насекаде околу мене. Бев исплашен. Станав и истрчав. Имаше делови од авионот околу мене. Некој ме зграпчи, ме стави во амбулантно возило и ме однесе во болница“, додаде тој.

Тој за индиските медиуми изјави дека живеел во Лондон 20 години. Рече дека неговиот брат Аџај седел во вториот ред од авионот.

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како маж поткривнувајќи оди од местото на несреќата и го водат кон службите за итни случаи, а се вели дека е преживеан.