Специјалци вооружени до заби им упаднаа во нивниот дом: Им го одзедоа детето затоа што не било вакцинирано!

269

Специјалци насилно упаднале во дом во американската сојузна држава Аризона, откако добиле дојава дека родителите на невакцинирано дете, со температура повисока од 40 степени, одбивале да го однесат во болница.

Полицајците со полна опрема, упаднаа во куќата откако таткото на 2-годишното дете одби да им ја отвори вратата. Специјалците пристигнале откако доктор ги пријавил родителите во Центарот за социјална работа, затоа што стравувал дека нивното дете боледува од менингитис. Подоцна се покажало дека станува збор за респираторна инфекција.

Родителите, кои во февруари го однеле детето на доктор поради покачена температура, и покрај советите на докторот, тие одбиле да го однесат детето во болница. Докторот, на кого родителите му признале дека нивното дете не е вакцинирано, веднаш ги пријавил до надлежните служби.

Адвокатката Кели Таусенд, која лобирала за законот кој му овозможува на Центарот за социјални работи да добие налог за претрес за детето да им биде одземено на родителите во таква ситуација, го осуди инцидентот.

„Што е со правото родителите да одлучат што е најдобро за нивното дете? Се чини дека тука надзорот над детето го презел докторот, а родителите никој ништо не ги прашал. Мораме да признаеме дека оваа ситуација е погрешна и мораме да се фокусираме на случаите во кои навистина постои занемарување и злоставување на децата“, порача Таусенд.