(ВИДЕО) Фантастичниот Лука Дончиќ дојде до нов трипл-дабл и се израмни со Меџик Џонсон

335

Словенечката кошаркарска сензација Лука Дончиќ стигна до седмиот трипл-дабл оваа сезона откако одигра фантастичен меч против Сакраменто, додека пак Никола Јокиќ со дабл-дабл учинок му донесе триумф на Денвер против Детроит.

Маверикси синоќа загубија од Сакраменто Кингс со 121:125 на домашен терен и покрај новата одлична партија на Лука Дончиќ. Младиот словенечки кошаркар мечот го заврши со 28 поени, 12 скокови и 12 асистенции.

Со ова тој дојде до својот седми трипл-дабл оваа сезона со што го израмни рекордот на легендарниот Меџик Џонсон, кој исто така забележал седум трипл-дабл учиноци во својата дебитантска сезона.

Од друга страна, Денвер не се откажува од битката со Голден Стејт за првото место на Западот, па Нагетси дојдоа до тесна и важна победа од 95:92 над Детроит.

Прв играч на тимот од Колорадо повторно беше Никола Јокиќ. Србинот мечот го заврши со дабл-дабл учиник постигнувајќи 23 поени на кои придодаде 15 скокови за 33 минути поминати на паркетот.

На останатите НБА мечеви беа забележани следниве резултати:

Шарлот – Сан Антонио 125:116
Кливленд – Бостон 106:116
Мајами – Орландо 99:104
Торонто – Чикаго 112:103
Милвоки – Хјустон 108:94
Минесота – ЛА Клиперс 111:122
Њу Орлеанс – Атланта 120:130
ЛА Лејкерс – Вашингтон 124:106