Во врска со реакциите во јавноста во однос на евентуална изградба на 60- катници на просторот кај хотелот Холидеј ин, од АДСДП велат дека градат согласно годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ која е е донесена од Владата и е изготвена врз основа на деталните убанистички планови.
Оваа програма АДСДП ја изготвува и ја доставува како предлог до Министерството за транспорт и врски, а Владата ја одобрува. Напоменуваме дека годишната програма се носи врз основа на деталните урбанистички планови кои ги изготвуваат единиците на локалната самоуправа, односно општините, и тоа согласно потребите за комерцијални и социјални станови како и деловни објекти.
Токму општините одлучуваат за намената на локациите и за површината на градбите. АДСДП секогаш до сега, и во иднина ќе продолжи да ги почитува законските прописи на важечките урбанистички планови.
Во интервју за МИА, Генералниот Директор Кристијан Трајковски посочи дека локацијата е идеална за изградба на современ бизнис центар, но конечната одлука треба да ја донесат надлежните институции, секако имајќи предвид дека конечниот глас ќе го имаат граѓаните. АДСДП останува и натаму на својата основна задача, а а таа е обезбедување развој на економски план како за државата, така и за нашето АДСДП што во пракса значи привлекување на домашни и странски инвестиции“ се наведува во соопштението.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















