(ВИДЕО) Евакуирана салата во Мелбурн за време на говорот на Ѓорѓе Иванов

712

Бившиот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, кој со семејството е на посета на македонските иселеници во Австралија, на 22 ри февруари присуствуваше на гала вечер на покана од „The Macedonian Community Welfare Association“(MCWA). Но, при говорот на екс претседателот настанала паника по што биле евакуирани сите кои пристуствувале на настанот.

Имено за време на говорот на Иванов се вклучил противпожарниот аларм, при што салата каде што се одржувала гала вечерта биле евакуирана.

Собраните средства од купените влезници за гала вечерта со Иванови ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

видео: falanga.com.au