На социјалните мрежи денеска се појавија фотографии од лица во полициска униформа кои упатуваат предупредувачки пораки до граѓаните по повод воведениот полициски час.
На едната фотографија се гледаат две лица кои се фотографирале и на објавата напишале “Седете дома клошари”, а на другата фотографија се гледа друго лице фотографирано пред огледало, кое напишало: “Единицата формирана, ако ве зачекам после 9, пендрек и 10 години робија… казна нема”.
Двете фотографии наидоа на жестоки критики од страна на граѓаните кои велат ваквото однесување е недолично, а реакциите стигнаа и до МВР. Од министерството велат дека го проверуваат случајот и дополнително ќе известат дали станува збор за нивни вработени.