Познатиот генетичар со своја прогноза: „Ковид-19 сам себе ќе се уништи, преку грешките во мутацијата“

476

Како генетичар, тој го споделил своето мислење за тоа што би можело да се случува во наредниот период со коронавирусот.

Хрватскиот генетичар Мирослав Радман кој што воедно е и член на Научниот совет на Владата на Хрватска, го коментирал коронавирусот и смртноста предизвикана од истиот. Исто така Радман како генетичар дал и свое „предвидување“ за тоа како би можел вирусот да се развива.

„Многу малку може да се предвиди со оглед на ширењето на Ковид-19. Луѓето се доволно паметни да не предвидуваат затоа што немаме елементи со кои би предвиделе што би се случувало во иднина. Најважниот податок е која е последицата од таквите зарази.

Поголемиот дел од случаите се асимтоматски, а смртноста опаѓа со текот на времето, така што не треба да се паничи. Би било добро да се знае зошто смртноста опаѓа. Не опаѓа само поради тоа што во последниов период се заразуваат младите луѓе, особено во текот на летото. Интересна е опсервацијата дека смртноста опаѓа во однос на февруари и март“ – изјавил Радман.

Како генетичар, тој исто така го споделил и мислењето за тоа што би можело да се случи со вирусот натаму. Тој смета дека вирусот би можел сам од себе да изумре.

„И научниците кога немаат доволно податоци не можат да бидат функционални научници. Јас како генетичар предвидувам дека вирусот би можел да изумре со неговата мутација, своите сопствени грешки во копирањето, затоа што вирусите кои што во себе имаат РНА, а не ДНА како геном, мутираат околу 100.000 пати повеќе.

Вирусот можеби ќе изумре преку генетска смрт доколку акумулира толку грешки преку мутацијата. И тоа го предвидувам затоа што немаме податоци за иднината кои што по дефиниција се непознати“ – изјавил Мирослав Радман.