Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одигра 63 минути во поразот на Наполи против Барселона со 2-1 (1-1) во Мајами во рамките на подготвителниот период на двете екипи за новата сезона. Нашиот ас повторно покажа зрелост и доби комплименти од Анчелоти кога беше заменет.
- Извештај од натпреварот:
Првиот дел беше целосно израмнет, со тоа што Наполи делуваше поопасно. Елмас доби шанса полулево во средниот ред и беше крајно активен, често влегуваше во дуел со Бускетс, а и одлично комуницираше со Мертенс и Инсиње.

По првите две закани на Гризман и големата шанса на Инсиње, која Нето ја одбрани, Барса поведе во 39. минута. Бускетс се одлучи на удар од работ на казнениот простор, Мерет се испружи колку што е долг, но не успеа да одбрани и топката отседна во неговата мрежа (1-0).

Не се чекаше предолго на израмнување, бидејќи само три минути подоцна по несигурноста на дебитантот Жуниор Фирпо, Каљехон изби сам пред Нето, биеше по земја, а Умтити во обид да расчисти си даде автогол (1-1).

Вториот дел донесе серија на замени, по еден час на клупата замина и Елмас, а една четвртина од дуелот одигра и Френки Де Јонг. Во оваа фаза Барса доминираше, двапати ја погоди рамката од голот на Наполи, но резултатот не се менуваше. Во 76. минута Милик од само неколку метри го префрли празниот гол. Казната стигна на 11 минути до крајот, кога од отпадок, Иван Ракитиќ со удар по земја од работ на казнениот простор го матира Мерет за финални 2-1.

Двете екипи ќе се соочат во Мичиген во сабота навечер по средноевропско време.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


