Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 20, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 19 до 38 степени.
Вчера беше активирано жолто ниво на целата територија на Македонија, а од денеска и портокалово ниво во Скопското подрачје, долж Повардарието и во источните делови за опасност од високи температури и УВ зрачење.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)























