Антонио Конте прави одлична работа со Интер, кој има солидни +6 пред конкуренцијата во трката за титулата во Серија А.
„Неразурите“ чекаат на трофеј во домашното првенство од деновите на Жозе Мурињо. Оваа година се блиску да ја остварат целта, но италијанскиот тренер не мисли дека титулата им е „во џеб“, по минималецот против Аталанта.
„Ако погледнав во џебот, ќе пронајдам само 40 евра. Бев да ставам бензин во мојот автомобил пред мечот.
Мора да продолжиме да играме. До паузата има уште два натпревари, првиот е против Торино, кој е во долната половина на табелата, а вториот е против Сасуоло, кој им создава големи проблеми на сите“ , се пошегува Конте.
Милан заостанува зад градскиот ривал, а бранителот на титулата Јувентус има големи проблеми, кои доколку не ги реши, нема да биде во можност да ја продолжи доминацијата во италијанскиот шампионат.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











