Додека играчите на Ливерпул пред Коп го славеа пласманот во второто последователно финале во Лигата на шампионите, неколку навивачи приметија дека славата ја пропушти и еден од хероите на големата победа.
Тоа беше едно од момчињата кои се задолжени за собирање на топките покрај теренот за време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Барселона.
Непознатото момче одигра круцијална улога при четвртиот гол на „Црвените“, а славата ја собра Трент Александер Арнолд.
Неговото размислување беше подеднакво брзо како она на десниот бек. Ја фрли топката во истиот момент кога дефанзивецот дојде до аголот да го изведе корнерот со цел корнерот да биде изведен што е можно побрзо.
Веднаш откако ја фрли првата, ја зеде и втората топка со цел да се стекнат услови за продолжување на натпреварот.
The ball boy is the unsung hero for the winning goal!!! #LFCFCB #LFC #YNWA #Liverpool #ANFIELD pic.twitter.com/EuqZTw774E
— AK (@APKieran1) May 7, 2019