На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(50) од Велес.
Тој, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки без возачка дозвола, на улица „Димитар Влахов“ во Велес удрил во патничко возило „опел“, управувано од Р.И.(44) од Велес, по што продолжил со движење и на улица „Петре Прличко“ удрил во рампа на автобуската станица, но повторно не застанал и на улица „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ удрил во паркирано патничко возило „тико“ со велешки регистарски ознаки, соопшти МВР.
Од МВР потенцираат дека по преземени мерки, полициски службеници го запреле, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта.
С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ и поднесоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.















![[ВИДЕО] Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/VLOXv-screenshot-2026-01-10-081850-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/EhVwe-raketa-proektil-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)
















