Пилотот кој загинал во Мексико не сакал да лета од Косово: Пренесувал кокаин за Ел Чапо, а потоа еднаш одбил да го пренесе синот на Гадафи…

463

Пилотот кој загинал во пад на авион во мексиканските планини, е познат по апсењето поради врските со картелот на Ел Чапо и одбивањето да го префрли синот Муамер Гадафи, Саади, од Либија.

Воениот пилот Хуан Хозе Талавера, бил еден од 13-те лица кои настрадале пред два дена во мексиканската планина Окампо на северот на државата, пренесува “Daily Mail”.

Тој е познат по тоа што во јули 2006-та година бил уапсен на аеродромот во Тихуана заедно со уште 10 лица, поради сомнение дека работел за картелот на Хоакин Ел Чапо Гузман, односно пренесувал лица без документи и оружје.

Исто така, за него се наведува дека пренесувал кокаин за истиот картел, но не е познато колку време минал во затвор поради тоа.

Талавера во 2011-та година одбил да го префрли синот на Гадафи, Саади, од Либија во Мексико. Синот на Гадафи тогаш бил баран од Интерпол, а Талавера и уште двајца пилоти одбиле тогаш да летаат од Косово на територијата на Либија.

Во понеделникот, приватниот млазњак кој Талавера го управувал се урнал меѓу Лас Вегас, Невада и Монтереј, на северот на Мексико.

loading...