Револуционерен успех: Научници претвориле крвна група А во нулта

834

Научници од универзитетот “British Columbia” успеале со помош на ензими да ја променат крвната група на дарителите од тип А во универзален тип 0, пренесува “BBC”.

Научниците веруваат дека откриле сигурен начин како да ја променат крвната група на дарителите во нулта, која е често потребна во итни случаи кога доаѓа до недостиг на одредени крвни групи.

Во лабораториските тестирања, научниците користеле ензими кои ги создаваат цревните бактерии и со нив успешно ја трансформирале крвната група А во 0.

Ензим е секој протеин кој е во состојба да катализира некоја биохемиска реакција во живите организми. Експертите велат дека клиничките истражувања би можеле да почнат наскоро.

Научниците објасниле дека со помош на ензимите од цревните бактерии успеале да ги отстранат антигените од површината на црвените крвни зрнца на дарителите (еритроцити), присутни кај крвната група А, но не и кај крвната група нулта.

Нивното отстранување во овој процес е исклучително важно бидејќи тие антигени можат да предизвикаат кобна имунолошка реакција доколку се најдат во организам кој ја нема истата крвна група. Тоа значи дека имунолошкиот систем на примателот ќе “помисли” дека дарителот со крвна група А всушност е крвна група нулта и нема да ја нападне, мислејќи дека е туѓо тело.

Во вонредни и итни ситуации, често има многу малку време да се провери крвниот тип на пациентот, поради што службите за трансфузија на крв мораат да имаат доволни количини на крвна група 0.

Погледнете ги сите вести од живот