Македонија доби посакувана група, за квалификациите за СП 2026

270

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство, кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Македонија се најде во групата Ј и противници ќе ни бидат репрезентациите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Квалификациите за европските селекции за СП 2026 ќе започнат во март 2025 година со групите од пет учесници во квалификациите, додека групите со четири тима ќе започнат во септември 2025 година.

Пласман на Мундијалот од европската зона ќе обезбедат победниците од групите, додека второпласираните ќе одат во бараж со четирите најдобропласирани репрезентации од Лигата на нации кои нема да изборат пласман преку квалификациите.

Група А: Победник Германија-Италија, Словачка, С. Ирска, Луксембург
Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово
Група Ц: Поразен Португалија-Данска, Грција, Шкотска, Белорусија
Група Д: Победник Франција-Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан
Група Е: Победник Шпанија-Холандија, Турција, Грузија, Бугарија
Група Ф: Победник Португалија-Данска, Унгарија, Р. Ирска, Ерменија
Група Г: Поразен Шпанија-Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта
Група Х: Австрија, Романија, БиХ, Кипар, Сан Марино
Група И: Поразен Германија-Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија
Група Ј: Белгија, Велс, МАКЕДОНИЈА, Казахстан, Лихтенштајн
Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора
Група Л: Поразен Франција-Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар