Венецуелски шверц на кокаин: Толку се богати што ги уништуваат авионите по испораката

1112

Додека жителите на Венецуела се борат со глад и прекин на електрична енергија, во таа држава во подем е незаконската трговија со кокаин.

Американските претприемници сметаат дека венецуелската воена и политичка елита ја овозможува и олеснува трговијата, односно илегалниот пренос на кокаин од Венецуела во другите држави, посебно во САД, користејќи нерегистрирани авиони, пишува “CNN”.

Секојдневни сомнителни летови

Според истражувањето на CNN, кој го следел патот на кокаинот во тој регион, било забележано дека бројот на сомнителни летови се зголемил од два лета неделно во 2017-та, на речиси секојдневни летови во 2018-та година. Оваа година биле забележани дури пет истовремени вечерни летови.

Авионите кои пренесуваат кокаин првобитно биле користени за превоз на таа дрога во најдалечните јужни региони на Венецуела, но сега се почесто се користат во развиениот северозападен дел на земјата, за да се скрати времето на летање.

Ги користат само еднаш

Регионалните и американски службеници кои се запознаени со ситуацијата со трговија на кокаин во Венецуела, за CNN го опишале најновиот курирски состав кој укажува на богатење на елитите вмешани во незаконската трговија со дрога.

Шверцерите на дрога се повеќе ја користат помошта од венецуелските власти, рекол еден американски службеник и додал дека секоја испорака на кокаин од Јужна Америка е толку финансиски исплатлива што авионите во споредба со заработката изгледаат бесплатно. Имено, повеќе авиони се користат само еднаш, а потоа се фрлаат или палат.

Се проценува дека само во 2018-та година 240 метрички тони кокаин биле пренесени во Венецуела од Колумбија.