Велосипедистите од клубот Macedonian Bike Riders извозеа тура до Лешочки Манастир

1429

Околу 40 велосипедисти од клубот Macedonian Bike Riders оваа недела извозеа тура долга 95 километри до Лешочкиот Манастир.

Секоја недела овој клуб за сите вљубеници во велосипедизмот и природата, организира тури до различни места во Македонија, каде на прво место е дружбата помеѓу членовите, проследена со авантури низ целата земја.

Секој кој сака да им се придружи може да се информира на следниот линк:

https://www.facebook.com/MacedonianBikeRiders/

Секоја недела место на собир за поаѓање е во 09:00 пред Универзалната сала во Скопје.

Инаку клубот Macedonian Bike Riders е планински велосипедски клуб, кој за цел има да го промовира планинскиот велосипедизам како професионален и рекреативен спорт.