Секој од нас се движи во сопствен ритам. Но, некои се многу побрзи од другите. Побрзо се подготвуваат, умеат да пресечат и да донесат одлука без премногу размислување, тактични се, методични и добро организирани.
А, вообичаено ваквите луѓе имаат тенки нерви и не се истренирани за една од најважните работи во животот – трпение.
Кои чувства вријат длабоко потиснати кај нетрпеливите луѓе и секојдневно им создаваат нервози?
1. Луѓето кои се влечат, постојано доцнат и одат премногу бавно покрај нив.
2. Оние на кои им треба цела вечност да вратат на обична порака или мејл.
3. Чекањето на нарачката во ресторанот кое изгледа како бавна смрт, како и преполни, бучни ресторани.
4. Партнерот на кој му требаат минимум неколку месеци да се изјасни за неговите чувства и размислувањата околу врската.
5. Постарите генерации на кои многу внимателно (и секојдневно) треба да им се објаснува како функционира технологијата.
6. Книги, филмови и серии чии изданија, премиери или продолженија се очекуваат со болна нетрпеливост.
7. Предгрупи кои траат цела вечност пред омилениот артист или бенд за кого сте дошле на концертот.
8. Нарачката на работи online и чекањето да пристигнат на домашната адреса.
9. Заглавувањето во метеж и сообраќаен хаос е дефиниција за вашиот најголем кошмар.
10. Моментот кога слушате „Ве молиме, почекајте“, а сте се јавиле да пријавите проблем со телефонот, телевизијата или интернетот.
11. Купување совршен подарок за родител/брат или сестра/партнер или најдобар пријател и чекањето на поводот за истиот да се подари.
12. Чекањето ред во банка, на доктор или во супер маркет.
13. Одењето во шопинг со пријатели кои немаат идеја што сакаат да купат и на крајот не купуваат ништо.
14. Бесконечното вртење кругови во обид да се пронајде слободно паркинг место.
15. Летови, возови и автобуси кои доцнат или се откажани поради дефекти.