Фудбалерот на Интер има со што да се пофали, а тоа не е само неговата вештина со топката. Како да се привлечат 200.000 следбеници на Инстаграм? Лесно. Голотијата е најбрзиот пат до кликањето. Уште ако сте девојка на фудбалер – популарноста е загарантирана.
Баш во тој манир е и поубавата половина на фудбалерот на Интер, Лаутар Мартинез, која ја заинтересира поголемата маса од луѓето и стигна да си обезбеди свој простор во медиумите.
Агустина Гандолфо (23), внимателно се промовира на својот Инстаграм профил, а на нејзините облини кои преку фотографиите несебично ги споделува со своите обожаватели, тешко е да се остане имун. Многумина веќе ја деклариаа како “алфа жена“ во фудбалските кругови.
Сопругата на Икардо и понатаму е на првото место, но Аугустина и тоа како има потенцијал да ја достигне нејзината слава.
Лаутар е две години помлад од својата избраничка и многумина можат само да му завидат на “трофејот“ кој го има покрај себе.