Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица на ковид-19, дознава Плусинфо.
Двете биле второротки и биле во мошне тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба.
Едната почината родилка е 33-годишна жена од Делчево, второротка, ковид-позитивна.
Со царски рез е породена термински, со машко бебе од 2.900 грама кое во добра општа состојба веќе е испишано од ГАК со тежина од 3.200 грама.
Родилката била примена на ГАК на 10 март во лоша состојба, фебрилна со 38,5 температура, со ниска сатурација и со кашлица. Породена е на 11 март и поради влошување на клиничката состојба, на 14 март е препратена на понатамошно лекување во ГОБ „8 Септември“.
Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март добила негативен PCR тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март добила позитивен резултат по направен антигенски рапид тест.
Втората почината родилка е 32-годишна скопјанка. Породена е предтермински, со царски рез во 30 недела од бременоста. И таа е второротка.
Родилката била донесена од Инфективната клиника во Скопје на ГАК на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата клиничка состојба, била препратена на КАРИЛ.
Предвременото роденото бебе е женско, кое сѐ уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК е респираторно зависно.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












