Оле Гунар Солскјер го запиша своето име во историјата на Манчестер Јунајтед и како тренер.
Синоќешната победа против Њукасл беше четврта во низа за „црвените ѓаволи“ кои сега се на само шест бода негатива од четвртото место во премиер лигата. Под водство на Солскјер, Јунајтед има максимален ефект со гол-разлика 14-3, а победи на првите четири натпревари на клупата пред Норвежанецот, забележал само легендарниот менаџер на тимот Мат Бејсби во 1945 година.
По Алекс Фергусон, Бејсби е најуспешен тренер во историјата на Јунајтед, на клупата ил од 1945 до 1969 година, потоа уште една сезона и освои пет титули во тогашната прва дивизија, два во ФА Купот и една во Купот на шампионите.