Граѓаните вриштат по социјалните мрежи: Исечени јапонските цреши на Максим Горки

109

Граѓаните се во неверување откако денеска беа исечени 13 дрва (јапонски цреши). Јапонските цреши беа омилени на скопјани, а посебно на пролет кога тие цветаат.

Имено тие се исушиле откако цело лето не биле одржувани или како што велат од Град Скопје некои компании истурале хемикалии во корените на дрвата.

Во прилог соопштението од градот:

По барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата Максим Горки. Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосни исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните.

Град Скопје во понеделник на овој потег ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови овој дрворед што го краси центарот на нашиот град.