Шеснаесетгодишна девојка од тетовското село Сиричино почина денеска од ковид-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, објави Министерството за здравство.
Пациентката била донесена со многу тешка клиничка слика од тетовската болница, каде што била од 21 октомври до 23 октомври, а претходно била лекувана во домашни услови.
„Таа била префрлена во Скопје поради тегоби кои се појавиле девет дена од иницијалниот прием во тетовската болница. Според медицинскиот извештај од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна, со тешка ковид пневмонија. Во текот на болничкиот престој е потврдена белодробна тромбоемболија, а потоа доаѓа до брзо и прогресивно влошување на респираторната функција. Вчера дојде до драматично влошување на виталните параметри, што доведе до срцево-белодробно попуштање. Младата пациентка не била вакцинирана“, соопшти Министерството за здравство.
На 28 октомври, од ковид-19 почина 17-годишна девојка од село Сопотница, Демир Хисар, а во септември почина 15-годишно девојче од тетовското село Селце.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















